Мома мети лепа црква
Co два страка босилкови,
Ка си мети, Бога моли:
Дај ми, Боже, попа свекра,
А свекрва – попадија,
А момчето – младо дјаче.
Како Бога што помоли
Така Господ и поможе,
Та и даде попа свекра,
А свекрва – попадија,
А момчето – младо дјаче.30)
30) дјаче – ѓаче
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com