Откријте го Мариово

Велико, вејко везана,

Еј гиди книго пишана,

Та што си толку убава?

Ел си пред црква пишана

Ел си в’градина никната?

Момички, мили сестрички,

Ни су пред црква пишана

Ни су в’градина никната

Ни су от Бога падната –

Мила ме мајка родила

Благо ме млеко доила

В’ројно ме вино капала

На с’нце ме е греала

На ветер ме е лулала:

За тоа су си убава

Како црвено јаб’ко.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu