Јунак шета по поле
Како паун крај море,
Ни го стига 27) стигнало,
Ни го стреќја стретнало –
Сустреле ми го сустреле
До три убави девојки:
Прва му даде јаб’ко,
Втора му даде зла 28) прстен
Треќа му ништо не даде.
Неја вати за раката,
Си ја врли на коњата:
На ти, мале, за отмена,
На татка ми за промена,
На сестра ми за лесата,
А на мене за постела.
27) стига – поздрав, кога некој ќе стигне друг на пат
28) златен
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com