Откријте го Мариово

Шета јунак низде града,

Низде града Цариграда,

Раци држи во џепови,

Ни купуа, ни продава:

Џеповите му се п’ни,

П’ни рамни леблебија,

Леблебија, суво грозе.

Што догледа едно зрно

Едно зрно, црно грозе.

Грозе беше мошне скапо,

Едно зрно две илјада,

Јунак даде три илјада,

Си го узе црно грозе

Си го врза в’марамата,

Си киниса да си оди.

Ми одило до пол пата,

На пат му се вода припи,

Си отврза марамата

Да ми зобне црно грозе.

Чудом тогај се зачуди,

He ми било црно грозе,

Току било мало моме,

Променето, накитено,

Кај што стое с’нце грее.

Си го вати, си го узе.

Го занесе дури дома.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu