НА ОВЧАР – Водичка песна

Booking.com

Ми никнала перунига

Встреде трло овчарово,

Овчар ми ја преградуа,

Преградуа, притрнуа

Кавал крши колје к’ка,31)

Перче сечи плет ја плети.

Кога станал утро застро32)

He ми била перунига,

Току била мала мома.

Си ја ватил за раката,

Си ја довел дури дома

И извикал на мајка си:

На ти, мале, за отмена,

А на татка за промена,

А на бацка33) за перчето,

А на дотка34) за лесата

А на мене за постела.

 

31) кка – набива.

32) застро – рано.

33) бацко – батко, постар брат.

34) дотка – сестра.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Booking.com