Откријте го Мариово

Невесте Марко велеше:

Невесто, млада, убава

Излези надвор до надвор,

Што ми се псете разлале,

Што мили госје идајат?

Невеста надвор излезе

И бргу назат се врати:

Марко ле, мили стопане,

Добри ни госје идајат

От светогорскијот манастир –

Сете кралеви, баневи.

Машко ни дете сакајат

Занаат да го научат

Пребела книга да држи,

Прецрно писмо да пиши.

Невесто, млада убава

Дете е мало малечко –

He може книга да држи

He може писмо да пиши.

Дочека госје, изпрати…

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu