Невесто, калеш Митанке,
Татко и мајка зборваја
За тебе да те остават.
Еј гиди, братче, помало
Помало, братче, поумно
Што мана мене најдоа?
Ели не меса, не печа,
Ели не клавам, не кревам,
Ели не чекам, изпраќам?
Невесто, калеш Митанке,
Маната ти е голема:
Камо ти дете во раци?
Камо ти лулка на глава?
Еј гиди, братче, поумно
Ставата ми е невеста,
Срцето ми е моминско.
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com