Невесто наша, Митанке, џанум
татко и мајкај, мори, зборваја,
татко и мајкај зборваја, Мите,
за тебе да те, мори, остават.
Деѓиди, браче, помало браче,
по мало браче, море, поумно
та шо ми мана најдоте, браче,
шо ќе ме мене оставате.
Дали не меса, не печа, браче,
дали не клавам, море, не кревам,
дали не чекам, море, не испраќам?
Невесто нашај, Митанке, мори,
маната ти је, мори, во това
камо ти дете, мори, на раце,
камо ти љулка, мори, крај тебе?
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com