Невесто ѓузел, мори убава
шо кроткум одиш, мори, на вода:
дали ти тежат, мори, стомните
или ти тежи, млада, ѓерданот?
Ниту ми тежат, лудо, стомните,
ниту пак ми тежи, море, ѓерданот,
ниту пак ми тежи, море, ѓерданот,
туку ми тежо, лудо, меракот
туку ми тежи, лудо, меракот.
Меракот ми е, море, Битола,
меракот ми е, море, Битола,
меракот ми е, лудо, Битола,
во тија темни, море, ѕандани,
во тија темни, лудо, ѕандани,
во тија тесни, лудо, долапи
во тија тесни, лудо, долапи,
со ситен синцир, лудо, на гуша,
со ситен синцир, лудо на гуша,
со белегзији, море на раце,
со белегзији, море, на раце,
тежокјот тумрук, лудо на нозе.
39. Песната е запишана уште во една варијанта од дванаесет стихови и свршува со стихот: „Во тие темни, леле, ѕандани”. Освен тоа се среќават и некои разлики во замена на зборовите мори и џанум.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com