НЕРЕЗ СЕ ОПРАСИЛ ШЕСТ ПРАСИЊА – ЛОВЕЧКА ПРИКАЗНА — ВИСТИНСКА ВИСТИНА – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Беше ова една зима. Се знае, летно време кој оди на лов та и нашите ловци?

Велам една зима. Која беше не е важно, елем зима беше. А штом е зима. напаѓа еден снег до стреи. Ги засипа камарите со дрвата по двориштата, кокошарниците, кочините со свињите, па дури и трлата со овците и козите. Луѓето почнаа да се жалат како ќе однесат сено, слама за добитокот. Тие што немаа дрва, почнаа да се тапкаат со што ќе ги огреат дечињата, а веќе тие што не си сомлеле брашенце навреме — плачете им го алот.

 

Само нашите ловци и се израдуваа и га начулија ушите.

— Ајде, Петко, Трајко, Ристе, Дано ајде ставајте да излеземе порано, — викаше откуќа накуќа Крчо наш и ги скориваше другарите уште првите петли кога кркнаа дол ни крај.

Неоти пак тие спијат? Та кој ловец може да заспие кога сношти виде колкав снег папаѓа?

И ене ги сите нарипаа на тропаљето од Крча. Турија по некој сомун леб и по една врзалка сол или по некое парче биено сирење во торбите, ги прегледаа пушките, ги наполнија уште дома, оти да не се случи да сретнат некој волк в село да ги изненади. И тргнаа шестината секојдневни другари на голем дивеч. He ги поведоа загарите да не се задржуваат по зајаците патем, ами да одат направо на свињите, срните, па ако имаат среќа да сретнат и некој елен — ќе испадне токму лов.

Го изгазија дебелиот снег и навлегоа во големата борова и букова гора.

Прошетаа горедолу, провикаа, пропукаа низ орманот, но од неколку срни што скорнаа, на друг дивеч не удрија. Изгледа и дивечот се сокрлл некаде од големиот снег.

Отепа Дарко една срна, ја одраа и ја закопаа кожата, а месото му го оставија на Белета да го однесе утре на магарето та иако го начека шумарот ќе каже дека коза му пцоисала и ја одрал па си ја носи дома. Оти опасно беше да ги фати шумарот и тоа со срна, зашто беа забранети да се тепаат. Каде без ловџиски карти ловат, па уште и срна да тепаат, е, тоа не можеше шумарот да им го прости. Затоа и тие си се привардуваа и наоѓаа начин да не му паднат в раце.

И откако му ја теслимија срната на Белета, продолжија да бараат дира од што било. И не се излагаа.

В сред планина удри Ристе на свинска трага. Даде знак со свирка и се собраа сите.

—           Го гледате колкав е во чапардата? — им ја покажа Ристе трагата. — Јунец, златниот јунец. И тазе трага. Cera е станат од нас. Тука блиску е, — и се наведе да пипне со прсти на трагата за да види дали е замрзнат снегот каде што стапнал крмнакот.

—           Меко е, меко, сега изрипал одоздола, — ги убеди Ристе другарите и тргнаа сите по трагата.

Де бре, а бре, брзаат дури потрчнуваат со надеж дека тука негде во честарот е легнат, А штом го најдат, не може да им откине па сите Игњатовци да дојдат да го спасуваат, а не само свети Игњатија.

Арно ама, трагата продолжи надолу од орманот — на голото.

—           Мајката, овој крмнак сам ќе си оди в село, — вели Петко.

—           Толку поарно да не го носиме месото на рамо, — констатира Дарко.

Во тој момент спиштеа пците од трлото на Војчевци и овчарот нададе викотници: „Држте го, држте го дивиот крмнак”. Ловците го слушнаа озчарот и пците се загнаа како без душа. Го видоа и крмнакот каде оди полека надолу низ дебелиот снег.

—           Мајката, оној крмнак треба да е ранет од некои ловџли некаде и ене го полека

каде оди. Оти, душко, крв не видовме по трагата? — се запраша Крчо.

Го превтаса попреку Крчо и му застана зад една грмушка со чифтето. И таман тој ја појави главата од грмушката, Крчо му ја отпетла. Пукнаа и двете цевки од чифтето и сачмите го посипаа крмнакот в глава. Овој ги затресе ушите и продолжи малку кон Крча, па почна да се врти колце. Кога Крчо ги ококори очите, што ќе види? My тргнал на големиот нерез од дедо Гура, кој беше уште од есеноска загубен и заскитан по жирот во планинага и сега, притиснат од снегот, се враќаше в село. Другарите се назагнаа на пукањето од Крчовото чифте и кога дојдоа, имаше што да видат. Нерезот се вртеше в круг не знаејќи каде оди. Сачмите му ги беа истерале и двете очи.

—           Ами сега, бре слепци кај ќе одиме од дедо Ѓypa? — се провикна Дарко, но Крчо веднаш се снајде.

—           Ова се стори што се стори, туку да ја тераме до крај. Држте да го заколиме и да го продериме, да си го однесеме како вистински див крмнак, па ако разбере дедо Ѓуро, најпосле ќе му го плалше, друго што може да ни прави.

И така направија. Си го однесоа дома месото, а кожата, како од срната, ја закопаа. Се изнафалија како го отепале во планината.

Арно ама, овчарот од Војчевци кажа дека пците бркале див крмнак надолу од колиоата и дека нашите ловци му фрлиле, и дедо Гуро беше начисто дека овие пријатели го имаат отепако неговиот нерез. И кога побара да ја види кожата, разбра од жените дека овој ред не донесле лозците кожа, та ги закачи.

—           Или пет лири за крмнакот или ќе поднесам тужба.

—           Бре, аман див беше. Бре шундури, бре бундури, ама најпосле излезе Манго од торбата!

—           Е море, дедо Ѓуро, што не покрил господ не покрил, туку да не чиниш кабул да не тужиш. Налет арчовите што ќе ги нонесеме ами срамот е голем, — му призна наш Крчо како главен кривец за убиството.

—           Пари немаме да ти го платиме ами на Ѓурѓовден ќе ти дадеме сите шестина по едно прасе, та одбеља.

Така на дедо fypa му се опраси нерезот шест прасиња, а нашите ловци со години ги голтаа подбизките од селаните.

— Ајде, ајде, одете белким ќе му се опраси нерезот на дедо fypa, — им зелеа кога ги сретнуваа на лов. А тие ги ведеа глазите и гледаа да не тргнат на штогоде, особено на диви свињи.

 

 

Преземено од: Раскази I том, СОБРАНИ ДЕЛА

Автор: СТАЛЕ ПОПОВ

Уредник: ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ

Редактор: ДИМИТАР МИТРЕВ

НИК „НАША КНИГА’ СКОПЈЕ, 1976

Booking.com