Мори, мала беше, ми порасна,
Нешо, мори, малешо,
јагне, мори, калешо. (2)
Мори, ти се стори изгор моме, (2)
Нешо, мори, малешо,
јагне мори, сугаре. (2)
Мори, и изгоре ергените (2)
Нешо, мори, малешо,
јагне, мори, калешо. (2)
Мори, најповеќе женетите, (2)
Нешо, мори, малешо,
јагне, мори, сугаре. (2)
Мори, си оставија невестите (2)
Нешо, мори, малешо,
јагне мори калешо. (2)
Мори, невестите с машки деца, (2)
Нешо, мори, малешо,
јагне море калешо. (2)
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com