ОВЧАР ЈОВЕ – лирска песна, велигденска

Booking.com

Дошол си, Јове, од овци,

налутен, Јове, насрден,

врлил си стапот под тремот,

обесил чанда на колот.

 

Мајка му си го прашаше:

Зошчо си, Јове, налутен,

налутен, синко, насрден?

Дали ти пците збеснеја?

Дали ти сгадо помрело?

 

Мајко ле, мори, стара ле,

лели ме прашаш ќе кажам:

Ниту ми стадо помрело,

ниту ми пците збеснеја,

тук’ ми се либе омажи.

 

He плачи, синко, не жали,

туку се бело промени,

та ми отиди на оро

друго ќе либе заљубиш.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com