ПОКРСТУВАЊЕ – Епска песна

Booking.com

Што ми е мило ем драго

млада војвода да јода,

млада војвода да јода, мале,

по Пелистерската планина.

по Пелистерската планина, мале,

по Витолишка рамнина.

Над село има чешмиче, мале,

тамо се брале војводи,

Тамо се брале војводи, мале,

тамо ми бајрак развиле,

тамо ми бајрак разволе, мале,

Тамо ми крстот бакнале.

Тамо ми крстот бакнале, мале,

тамо ми клетва земале:

Co Турци да се биеме, мале,

Слобода да добиеме.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com