На некојси поп му умрела попадијата, a пo црквените канони не може поп да се прежени.
Ваму, не бил уште толку стар да не му треба попадија, а и дечиња му останале за гледање, та решил да го замоли владиката да му дозволи да прибере некоја жена, макар и под друга некоја форма; да речеме, да ја пријави како слугинка, готвачка, перачка, домаќинка. Така нешто како што прават католичките попови. Си имаат „готвачки”, „перачки”, „слугинки”, од кои им се раѓаат и по тричетири деца, ама канонот е запазен; нема попот попадија.
Владиката, и тој млад како попчево, поразмислил малку и најпосле си го дал „благословот.”
— Ајде да направам еден себап заради децата, амѕа ќе гледаш да прибереш некоја постара, докај педесет години, да не паѓа ептен в очи на селаните.
My благодарил попот на „милосрдието” и си отишол дома. Си отишол и почнал да бара жена каква што му рече владиката. Барал, барал, ама никако да најде таква. И најпосле се решил на едно. Се решил и го направил. Место една од педесет години, тој зел две пo дваесет и пет. Едната за готвачка, другата за перачка.
Кога по неколку години го прашал владиката што направи по таа работа, попот му ја кажал вистината, правдајќи се дека не можел да најде една од педесет години, затоа зел две од по дваесет и пет, да го запази канонот.
Владиката сиот задоволен му рекол:
— Многу добро си направил, но не е право ти да имаш две, јас ниедна. Ќе ми ја дадеш мене едната, нели?
— А, кабул не го чинам, свети владико! He можам јас да го газам канонот и да тргам маки на тој век во пеколот, — му одговорил попот и си отишол кај готвачката и перачката…”
Booking.com