Еден битен белег во раскажувањето на Стале Попов е неговата пословичност, присутна особено во говорот или размислувањето на личностите.
Пословиците се мошне функционално употребени; тие ја прошируваат и ја збогатуваат смислата на кажувањето, го оживуваат со народната мудрост и го прават посликовито, повпечатливо. Еве само еден дел од нив, кои прозвучуваат како оригинален напор на авторот во дозбогатувањето на веќе богатиот народен мариовски говор:
“Ѓаволот ни ора ни копа, со луѓето џумбус си прави”;
“Влачиш в’на со умот”;
“Човек од магаре паѓа пак починува”;
“Ако сме црни – не сме Ѓупци”;
“Жеден коњ матна вода не гледа”;
“Co секаква секаде – со никаква никаде”;
“Ако на некој не му се стемни, на друг нема да му се “осамне”;
“Нашите вдовци нека не дремат како ќос на јајца”;
“Умрените не станваа, а живите сака да живеат”;
“Секој петел на свое бунишче пее”;
“Во тебе е оревот, во тебе е каменот”;
“Кога се раѓа женско, и стреите плачат”;
“В’кот сам ако не си а брка работата, не бидува дебел во вратот”;
“Каде што ќе те почеша твоата рака, туѓата не може”;
“Co едно манување не се сече дрво”;
“Имал к’смет двапати да јаде јаребичко месо”;
“Многу раце благосоени, ама многу усти колнати”;
“Ќе ми те сошие откај не си за шиење”;
“Го напрчи појасот”;
“Пред Божиќ прасето не се ранит, ами сака ушче од Ѓурѓовден”;
“Роди ме мајко со к’смет, врли ме на патот”;
“Жената има седумдесет и седум рани за лекување”;
“Си видела сомун, па сакаш погача”;
“Кај е господ, никој не е”;
“Нека ми е живо коњчето, та какво и да е самарчето, ќе ме носи”;
“Некој вези, друг ќе носи, така е скроен векот”;
“Некој работи, друг јаде”;
“Ќе го турнат со глаа ѕидот, а не велат оти ќе и расцепит лејките”;
“Ќе излегол в планина, ќе плашит мечка со решето”;
“Ако се плашеше орачот од врапци, не сееше просо”;
“Се радува како мало дете на црвено јајце”;
“Ако не пушчи нам пушка ќе го удри, ќе му го видиме задникот без шалвари”;
“Кога пазариш – пазари ѓупцки, кога плаќаш, одврзи го ќесето, плаќај туџарски”;
“Летни ѓубренце, зимна понадица”;
“Разбој – разбола, а фурка – прошетка”;
“Ем голи, ем злови”;
“Кого туѓа вошка не го полази, не може да сети јадеж”;
“My дале повеќе сирење од леб”;
“Барај ми си капа според ќелавата глава”;
“Мене одвај ме пушчиле в село, па јас ќе a барам поповата куќа”;
“И таа си ја имаше некаде “обесено пушката”;
“Загинаме без зрно барут”;
“Кој мал се жени и рано руча – не е лаган”;
“Се расклоца како коза од стршни”;
“Кога сака ѓаволот шо ќе прави господ”;
“Токо се бричите вие за попои снаи”;
“Каде со очи – тамо со нозе”;
“Крвта не била вода”;
“Ќе си седи мадро како поп”;
“Празна раница не чува граница”;
“Или жива со него, или на гробишча без него”;
“Или со неа, или жив не шетам”;
“Ошче крши жегли”;
“Почна да дроби со јазикот, небаре oca го каснала”, “
“Чукаш туѓа ‘рж”;
“Ете ја те, кај го врти езикот кај што а боле забот”;
“Кој има брада дома, тој има и буљук каци да нап’не, и покрови ќе направе”;
“Кој не правил свадба, тој не знае нишчо од веков”;
“На свадба не се фаќа кусур”;
“И волкот сит и овците на број”;
“Домашниот есап никогаш на пазар не излегува”.
Преземено од:
„ФОЛКЛОРОТ И ЕТНОЛОГИЈАТА НА МАРИОВО BO РОМАНОТ “КРПЕН ЖИВОТ” ОД СТАЛЕ ПОПОВ“
Автор: Цане Здравковски, Скопје
„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г
Booking.com