Предавство – епска песна

Booking.com

“Абер праќат в Старавина

на аскерот како знае,

трчешкум да дободиња

многу, многу да не се мае…

 

Тивко аскер наближува

молчаливо тој напаѓа –

пристан прави, пушки полни

грмеж уште не се раѓа”

 

“Мракот ноќен исчезнува

и зората заблеснува –

бегај, братко, зашто врагот

знае подло да треснува!”

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Booking.com