Откријте го Мариово
Просветителното дело и градевци

Познато е дека само знаењето и просветно-научното дело водат кон прогрес и напредок.

Знаењето од секоја научна дисциплина се стекнува во текот на образовните процеси, кои можат да бидат институализирани или да течат слободно. Но ретко кај нашиот народ може да се слушне поговорката: „Човекот се учи додека е жив”. И градевци доследно ја следат оваа поговорка.

 

Свесни за прогресот што го носи современото образование на младите генерации и селаните од ова мариовско село, истите вложувале напори за образување на своите поколенија.

Од кажувањето на постарите градевци се дознава дека ќелијното основно училиште при црквата „Св. Никола” почнало да работи уште во втората половина на XIX-ти век. Наставата се изведувала во тремот на црквата. Во последните децении на XIX и почетокот на XX век наставата се изведувала на грчки јазик, потоа  на  бугарски,  па  на  српски  и  дефинитивно  по  ослободувањето, наставата се изведува на македонски јазик. 

37

Основно училиште – 1961 год III одд

 

Стојат горе

  1. Љубе Гуцев
  2. Дончо Куртов
  3. Алексо Марковски
  4. Јован Роглев
  5. Димо Зулумов
  6. Мијо Миов
  7. Трајко Тапанџиов
  8. Петко Романов
  9. Петре Зулумов
  10. Пецо Паргов

 

Среден ред

  1. Стаќа Ковачева
  2. Неда кочова
  3. Доста кложтева
  4. Тодор Гулев
  5. Ристе бурназов
  6. Коло Мемов
  7. Коле Попов
  8. Ташко Попов
  9. Крајче Карев
  10. Цане Мачкаров
  11. Бошко Дамчев
  12. Линка Ѓокова
  13. Менка Бандева
  14. Менка Марковска

 

Седат

25 Митра Трпчева

26 Василка Ќиќеркова

27 Неда Сиќиова

28 Менка Белејкова

29 Кала Марковска

30 Мара Комарова

31 Неда Пенукова

Учител – Ѓорѓи ничев

32 Менка Ѕулкова

33 Стана Пашкова

34 Неда Босеова

35 Менка Мојанчева

 

 

 

 

По Првата светска војна во Градешница е изградено убаво училиште, во кое е организирана настава од прво до четврто одделение. Основното образование во ова училиште се изведува до 1991 година. Од петто до осмо одделение децата од Градешница посетуваат настава во осмолетките во с. Старавина, а потоа во с. Новаци и градот Битола. Co средно образование градевци се стекнуваат во средните училишта (гимназии, средно стручни и занаетчиски) во Битола, Прилеп и други градски центри во Република Македонија па и надвор од неа.

По ослободувањето, во учебната 1944/45 година основна настава во основното училиште во Градешница следат околу 150 деца. По раселувањето на населението, од учебната 1959/60 година и бројот на учениците во градешкото основно училиште почнува постепено да опаѓа. При затворањето на ова училиште се регистрирани само 23 ученици од прво до четврто одделение. По ослободувањето основното образование го завршуваат речиси 95% од генерациите. Повеќето го продолжуваат своето образование.

Градевци се свесни дека новото време бара образовани и културни луѓе. Затоа, своите деца ги ориентираат кон образованието. На тоа му погодуваат широко отворени врати на образовните институции од сите степени во Република Македонија и надвор од неа.

Во основното училиште во с. Градешница учителувале следните лица:

Просветни работници:

– Славко Петаковиќ – Србин (1920-1941)

– Александар (Каџо) презиме неидификувано

– Андреј Вучиќ – Србин

– Александар Петровиќ – Црногорец

– Јован Живковиќ – Србин (до 1941 година).

– Трајко – Бугарин (учебна 1941-1944 г.)

 

– Ленка Партизанката – Македонка (учебна 1944/45 г.) Следните години учителуваат:

Леонида Валков, Јанко, Тошо, Бавтир (презимиња неин-дификувани).

Најдо Поп Најдовски

Трајко Стојановски

Круме Стојчевски

Јован Ѓуровски

Ѓурѓица Спасовска

Слободанка Николовска

Јован Кузмановски

Ратка Николовска

Стојко Илиевски

Ристе Босеовски (Ристовски)

Митре Босеовски (Ристевски)

Алексо Џанџуровски

Стефо Крстевски

Пецо Магдевски

Милка Спасовска

Роза Цикалова

Милка, Елена и Војо (презимиња неиндификувани)

На сите чии имиња и презимиња се пропуштени, најдлабоко им се извинуваме.

И покрај напорите евиденцијата и архивата од основното училиште во с. Градешница не успеваме да ја најдиме. Училиштето е затворено 1991 година (кажување на Стојко Чачевски – курир).

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu