РЕЧНИК НА ТУРСКИ ЗБОРОВИ И ПРОВИНЦИЈАЛИЗМИ

Booking.com

A

абер – вест, порака

авур и ар – штала, просторија за чување добиток

ага – виден граѓанин од турското население

агалар – аги

Агарјани – старовремено име за Турците

адет – обичај, навика

азно – благајна; благо, богатство

аир – полза; добро

аирлија – среќно, благословено да е

акшам – приквечер; вечерна молитва (од петте вообичаени молитви, четвртата по ред)

алајка – слугинка, прислужничка, обично робинка на богата жена

Аламанци – Германци (според турскиот јазик)

„алатурка” – по (на) турски (начин)

алах и ала – бог

алашвериш – давање – земање, купување-продавање

алипен – сакат, инвалид

анама и ханума – госпоѓа, сопруга, жена од повисокото турско општество

анани ана – псовка (мајче мајчино)

анасена – псовка

арамбаша – главатар, водач на разбојници

б

бег – велепоседник, сопственик на голем земјоделски имот

беглер – бегови

беглербег и беглербеј – управник на поголема административна  бласт во Отоманската империја

беглик – вид данок што се определува на добитокот; бесплатна работа за бегот или државата -кулук

безбели – навистина, секако

белегзија – белезници; лисици, окови од железо на рацете пранги

белким и белки – можеби, веројатно

бендиса – допаѓа, допадне

берат и бераат – свидетелство, документ

бериќет – напредок, среќа

борчи – должи

брав – овен

бујрум – повели

булук и булјук – големо стадо овци; одред војска

буљукбаша и буљукбашија – командир на одред на редовна војска

в

везир – звање за министер (обласен управник) во Отоманската империја

веледи – наречен

вергија – данок

вересија – купување на заем, купување со договор да се плати подоцна

вилает – покраина. област; роден крај

врга – џумка, оток

врзма – мрежа од ортома (обично за сено)

г

гаваз – придружник, чувар, телохранител

гајрст – храбро поднесување на тешкотии, на грижи и несреќи,

трпение и спокојство; настојување, усилба

галати – грешки, се изразува погрешно

глезни – глуждови

грош – ситна турска монета од четириесет пари

гурабии – вид слатки

д

де бакалум и де бакалам – ајде, чекај да видиме

декики – минути

демек-значи

дервиш – калуѓер, припадник на верска секта

десеток – данок во натура

диван – нешто како канабе без потпирка; стои со особена почит пред некого; врховен совет; суд

димии-шалвари

дољум – мерка за површина на земја (920 м2)

домазлак и дамазлук – расплод; приплод; добиток што се чува за расплодување

домус – свиња

дуњалак – свет, целиот свет

ѓ

ѓаур – погрден назив за христијанин, неверник

ѓоамити – божем

ѓурултија – врева, кавга, голема расправија

е

евет – да, афирмација

евет, кади, баба – да, господине, судија

евнух – чувар на харем

едепцаз – расипан човек, безобразник,бесрамник

елбете – се разбира

ергеле – стопанство за одгледување на коњи

еснаф – занаетчиско здружение

ефендија – господина, највисока титула во турското граѓанско

општество

ефендилер – господа

з

забајдсн – замаен, зашеметен

забит – офицер, старешина на војската

загури – втренчено загледа

заптија – стражар

земан – време

зорт – мачнотија, напор; неопходност, нужда; страв, плашење,

зулум – насилство, пакост

ѕ

ѕрнѕурки – разни ситнини за украсување и дотерување

и

ибрик – метален сад за вода

изин – дозвола, слободно

имам – муслимански свештеник

инсан – човек

исав – милосрдност, сочувство, милост

ислам – муслиманска вера, мохамеданство

ич – ни малку, ништо

ј

јабанџија – туѓинец, странец

јаничар – привилегиран пешадинец, главно од немуслиманско потекло, насилно одземен од родителите и преведен во исламска вера

јарамаз – никаквец

јарма – јадро сомлено брашно, обично храна за добиток

јатаган – долг нож што се носел на појас, нешто како подолга кама

к

кааза – околија

кабул – согласност

кадана – жена сопруга на ага, жена од харемот

кадија – судија

кади баба – постар судија, старешина судија

кадилак – подрачје (реон) кое суди еден кадија

кале-тврдина

калеш – црноок(а), црнопурест(а)

калиф – титула за духовен главатар кај муслиманите, меѓутоа во XVI и XVII век турските султани носеле титула калиф

кандиса – согласи

капалдиса – премале, папса

караул – стражар

касмет – среќа

кастиле – намерно, нарочно

каурин – неверник, муслимански назив за христијаните

качак-одметник

кефалија – старешина на село

кимс’нсе-којсити

кир – господин

кодоши – поткажува, шпионира

конак – преноќиште, зграда за ноќевање; живеалиште на бег; воопшто голема куќа; седиште на воена или цивилна власт – надлештво

кос коџа – многу големи

коџабашија – старешина во управата

крџали – турски војници оддадени на грабеж и насилство

кубур – пиштол со подолга цевка

кулиш – полициски участок, нешто како притвор

куртули – спаси

л

левен-јунак

лејка – црпка (овде со пренесно, пофдно значење за глава)

м

маѓер – готвач

мазгалка – пушкарница, тесен отвор на тврдина од кој пука стражарот

маздраг – оружје во вид на копје

марифет – вештина, способност за нешто

мастраф – трошок, издаток

машала – браво, прекрасно (како израз против урочување)

мазлич – совет, советување

мезличар – учесник на советување метанисува – се клања од почит метериз – заседа, пусија

милет-народ

миндер – висок јастак покрај ѕидот за седење

миндерлак – вид диван за седење со јастаци и перници нешто, како

долго канапе без потпирка

минтан – машка долга облека

монисто – често се дава во множинска форма

мониста – вештачки бисер

муабет – разговор, разговарање

мувлет – рок, предност дадена во време

мудур – управник

мунасип – згодно, умесно

муфтија – муслимански верски достоинственик

н

нахија – округ, област (во административна поделба)

нерде – каде

нерде сан сен – каде сте

нирвана – во будистичката религија – состојба на највисоко „блаженство”, сфатено како ослободување од сите животни фижи и стремежи, како одречување од се што е лично

нунко – кум

о

овргали – оџагари

ока – мера за тежина (1280 грама) во употреба наместо килограм

во тоа време

омбашија – десетар (во војската)

ордија – армија; вооружена војска

осорно – намуртено, луто

оџа-свештеник

оџалари – свештеници; свештенство

п

падишах – монарх, владетел, цар, овде се мисли на султанот

папаз – поп

пачавра – партал, старо искинато алиште

паша – генерал во турската војска; титула давана на виши чиновници во Отоманската империја

пашум – обраќање на некој титулар (на паша) со молба

пезевенк – обесеник, мангуп

пилав – јадење од ориз со парчиња месо

пис – гален,одвратен, поган поданик – жител, државјанин

поста – дол, сенка

потури – бечви, шајачни панталони

поујгун – позгодно

проскомидија – место во олтарот каде се врши приготвување на причесната

пулсјка – ситни метални тркалца со дупчиња во средината што се

шиеле за украс на алишта и на коњска опрема

пусија – заседа

путир – метална чаша за причесна

р

раат – спокојство, мир

раја – име со кое биле наречувани немуслиманските жители во  Отоманската империја

резил – срам

‘рга – напорно работи, обично бесплатно само за храна

с

сабанаролсун – добро утро

сајбија – сопственик

сајдисува – почитува

сакма – гуна, горна клашнена облека

салам – јак, силен; вистински

санџак – околија во административната управа

санџак беј – бег на цела околија, околиски управник

сарај – дворец, турска палата обично со харем

сардисан – опколен, блокиран

сводник – стројник

сеир – чудо, интересна глетка

сејмен – чувар, стражар, телохранител

сељам – поздрав

сермија – стока, имот

сефер – временски период во текот на една година

сеџаде – мало килимче

сизерен – вам (од почит)

сиктер – марш

сомун – леб

стаписа – отстапи, поврати (од страв или неизвесност)

стела – внатрешната постава на седло или самар

субаша – управник на чифлик

субашица – главна жена во харемот

сужен – роб, заробеник

султан – титула на тогашниот турски цар

султанија – кнегиња

сурат-лице,образ

сурија – стадо (обично говеда)

сус-молчи

т

табиет – карактер, нарав

табур – одред, чета

тагаџик – торба, дисаѓи, се она во што се става храната на пат

таин – војнички леб

такам – комплет пар облека

темане – поздрав со рака и поклон

тептил – преправени (во други алишта), преобразени

теслим – предавање; оставање (овде: предајте се)

тланик – огниште, место крај огништето на кое според старите

обичаи ги чукнувале невестите како симбол да го чуваат огништето и домот

трем – дел пред куќата, обично поплочен, но отворен

тузлук – доколеници, објала од шајак околу нозете

турбан – ориенталска бела шамија која се намотува околу главата

ќ

ќаа – сточар, старешина на овчарите, лице што се грижи за овците

ќедар – пакост, зијан, зло, несреќа шеиф. шеф и

кејф – волја, задоволство

ќемер – кожен појас во кој обично се носат ситни пари

ќенеф – нужник ќерата – обесеник, мангуп

ќефалија – старешина на село

ќитаб – книга, коран

ќостек – синџир на појас

ќурдија – кратка селска блуза

у

уѕур – бес

ујгун – згодно, пријатно

улема – свештенство

ушак – слуга

ф

фазла – повеќе, отповеќе, излишен, непотребен

фајде – полза, корист; интерес

ферман – султанска повелба, грамота

флока – волнена кошула

форинта – сребрена австриска пара

х

ханума – госпоѓа, жена од повисокиот сталеж

харем – зграда или одделение наполно оделено од другите простори во кое живеат повеќе муслимански жени

хас – феудален посед во Османлиската империја, со доход повеќе од 100.000 акчи (аспри)

хас-посед – султанов посед (имот)

ц

цирони – цилунки, суви риби

цулувци – прцлиња, перчиња на косата

ч

чабук – брзо, бргу

чаир – лединка, ливада

чалма – шамија која преку фесот или преку друга капа се навиткува преку главата

чаре – излез; лек; средство

чатма – греда

чауш – претпоставен (десетар) на група работници; порано офицер

од султанската гарда кој ги разнесувал султанските наредби

черчевина – рамка, рамки

чешит – вид, сорта

чифлиг – голем полски имот

чифлигар – овде: сопственик, господар на имот

чифчија – работник кој живее на чифлигот и бесплатно работи за

чифлигарот

џ

џанум и џанам – душо моја (при обраќање)

џеза – казна

џефа – противење, оспорување,

мачење, страдање

џумле – собир, толпа

ш

шах – владетел, монарх во Персија

шевар – десеттиот месец во годината според календарот на муслиманското сметање

шејтан – ѓавол

шанлук и шенлак – веселба

шербет – разреден сируп од шеќер и сок од плодови, што се пие

обично во поспецијални случаи

Booking.com