Рслан седи на кулата, Ѓурѓо,
Ѓурѓа пери на реката, мори.
Рслан врли со јаболко, џанум,
удри Ѓурѓа по градите, мори.
Ај качи се на кулата, Ѓурѓо,
подај ми ја тамбурата, мори,
јас да свирим ти (да) играш, Ѓурѓо,
да ми седиш на колено, мори,
да те шчипам под колено.
Ај опери кошулата, Ѓурѓо,
кошулата арамиска, мори,
три години неопрана
ка е ткана не е прана, Ѓурѓо
ка е шиена не е белена, мори.
40. Зборовите дадени во загради се на приредувачот.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com