Бог да бие саботникот,
саботникот работникот
шо си стана мошне рано,
мошне рано во сабота,
во сабота кај пладнина.
Си ги зеде воловите,
воловите сосем рало;
си го зеде магарчето,
магарчето со семето,
та си појде на нивата,
на нивата на лаката
да си сее ситно семе.
Mope, му се виде мошне рано,
си закачи остенчето,
си го слече ќурдичето,
си направи ладна сенка,
та си легна да преспие.
Шо ми поспал малку ногу
се разбуди понеделник,
понеделник кај пладнина.
И побара воловите,
воловите сосем ралце.
Го побара магарчето,
магарчето со семето
нигде ‘и нема не ‘и најде.
Mope, шо си стана, се расони
си го зеде остенчето,
си облече курдичето,
та си појде дури дбма.
Ој ти жено, арна жено,
јас си појду на работа,
на раббта во сабота.
Си ‘и зеду воловите,
воловите сосем ралце;
си го зеду магарчето,
магарчето со семето,
та си појду на нивата,
на нивата на лаката.
Ми се виде мошне рано.
Си закачи остенчето,
си го слеку курдичето,
си направи ладна сенка,
та си легна да преспија.
Mope, шо су поспал малку ногу
се разбуди понеделник,
понеделник кај пладнина.
‘И побара воловите,
воловите сосем ралце,
го побара магарчето,
магарето со семето.
Нигде ‘и нема не ‘и најду
белки дома си дојдоја.
Mope, ој ти мажу работнику,
и мене ме таква бела,
таква бела налегнала.
Јас си стана мошне рано,
мошне рано во сабота,
во сабота по пладнина.
Шо си собра бела рува
си го зеду бакар котол,
си ја зеду пиралката,
та си појду на реката.
Си навали бакар котел
да си пера бело руво.
Mope ми се виде мошне рано.
Си закачи пиралката,
си соблеку саѓиката,
си направи ладна сенка,
та си легна да преспија.
Су поспала малку ногу
се разбуди во недела,
во недела кај пладнина.
Бог да бие селцки свињар
шо истерал селцки свињи
ми турнале бакар котол,
раскинале бело руво;
ми турнаја пиралката,
расипаја ладна сенка
ми подрија мешишчето!
52. Акцентот на песната не се согласува со тој во говорот кога зборовите би се употребувале во проза. Овде, да им се слага на аријата, некаде е поместен од III на II слог.
На пр. Во говорот се вели: сабота, пладнина, реката, пиралката, а не: сабота, пладнина, реката, пиралката и т.н. кое важи за вишесложните зборови Забелешката е на Стале Попов.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com