Мори, саноќ Бојана седела,
саноќ Стојана, ле, чекала,
сингија бубак испрела,
шиник ореји скршила,
до девет золви, ле, уплела,
со свеќрвата, ле, десета.
Стојан го нема, ле, да дојде.
Мори, бог да јубије свекрва’ј
та што и вели, говори:
Мори, стани Бојано, легни си,
стани ми снајо, не седи
Стојан си друго заљубил.
Ами, колку легнала заспала
ете го Стојан кај тропа.
24. Песната ја запишале и други собирачи на народни умотворби во мошне развиена варијанта.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com