СЕ СКАРАЛЕ ДВА БРАТА РОДЕНИ – лирска песна

Booking.com

Се скарале два брата родени,

Два брата родеии Петре и Никола,

Петре и Никола два брата,

Два брата од една мајка родени.

Петре ми бил постариот брат,

А Никола помал и неженето.

Се скарале и делба си делат,

Ќе си делат нивна татковнина,

Татковнина, стара дедовштина,

Ќе си делат илјада флорини,

И ќе делат девет стада овци,

И ќе делат големи чифлизи,

Во полето ниви и ливаѓе.

Петре деле како што му чине,

И си зе илјада флорини,

И си зе коњи пастувлии,

Та си зе ‘рти ем загари.

На Никола недобро му падна,

Па си веле, веле ем говори:

-Бацко Петре од една мајка сме родени,

Зошто не делиш бацко по правина,

Току делиш бацко, силум без правина?

Што ме пушташ бацко в поле по чифлизи,

He су ага на кула да седа,

He су жетвар жито да ти жнеја,

He су овчар овци да ти паса,

Току су ти младо неженето.

Ја подај ми баце коља пеливана,

Да прошетам баце до Солуна града,

До Солуна града баце, крај синото море,

Да одбера баце лика спроти мене,

Да закуќа куќа баце, како тебе.

Се разлути Петре добер јунак,

Та си зе коња аждер пеливана,

Та си зе сиви сокли и загари,

Слезе долу при младата невеста,

Та и веле, веле и говоре:

-Јас ќе ода во гора зелема,

По небо ќе пушта сивине соколи,

A пo земја ‘рти ем загари,

Може нешто лов да си улова.

Дома ќе си дојде бацко ми Никола,

Како знаеш ти да го отровеш.

Шом се врата жив да не го најда,

Оти ќе те сеча се парче по парче,

Ќе те сеча и крв ќе ти пија!

Дома дојде млад девер Никола,

Дома дојде кај бацка си Петре.

Проговара млада Петревица:

-Ој девере, море, мили брате,

Да ти кажа нешто многу жално,

Брат  ти Петре мене ми зарача,

Тебе баце јас да те отруја,

Ако не пак тој мене ќе заколе,

A јас баце каил не се чина,

Зато баце слушај што ќе реча:

Ај слези си долу во чаршија,

Та купи си меда и шеќера,

И купи си копринено платно,

Да си купиш свешти ем ламбади,

И ќе се спружиш однафол ко умрен.

Јас ќе збера цело село да плаче,

Ќе растура баце руси коси,

Руси коси баце до рамена,

И ќе пвача баце до небеса.

Шом ќе стигне брат ти од ловење,

Белким тогај жалба ќе му падне.

Петре стигнал во гора зелена,

В небо пуштил сивине соколи,

A пo земја ‘рти ем загари,

Везден ловел, ништо не уловил,

Најнакрајот сокли уловиле,

Уловиле едно кротко пиле,

Го довеле Петру на рамена,

Проговара това кротко пиле:

-Ој ти Петре, ти бре добар јунак,

Ал не гледаш шо си уловило,

Ал не гледаш колку су си жално?

Јас те моља Петре да ме пуштиш,

Вчера Петре баце ми погина,

A јас жалба жалам по моето баце.

Се задума Петре добар јунак:

-Пиле жали за своето баце,

A јас кутри што направу?

Та си пушти пиле да ми летне,

Та си јавна своја брза коња,

Та повјаса дома да си стигне,

Да го завтаса бацто свое живо.

Од брзима коња му пукпало,

Тогаш пеша Петре се загнало,

Шом стигнал пред неговата куќа,

Насобрано полно народија,

Сете пвачат за млади Никола.

Го пречека млада Петревица,

Шо и веле Петре добар јунак:

-Црна гламно, мори, Петревице,

Дал направи се што ти зарачав?

Одговара млада Петревица:

-Се, се направу како што зарача,

Ти го отру бацто Никола.

Си извади Петре остра сабја,

Да пресече нејна руса глава.

Тогај писна млада Петровица:

-Ој девере, мое мило брате,

Стани братче на јуначки нозе,

Брат ти пишман море се сторило.

Скокнал Никола на јуначки нозе,

Та си веле на брата си Петре:

-He ме отру баце, мојта мила снаа,

Току ти сакаше мене да отруеш.

Тогај двата си се прегрмале,

Замешале стока, татковнина,

Татковнина, стара дедовштина,

Живееле, братски работеле,

И се оженил помал брат Никола,

Од тогај се никуш не скарале,

Угу сложно братски работеле,

На нијната стока татковнина,

Татковнина, стара дедовштина.

Booking.com