Стано ле, Стано Праовко – лирска песна, велигденска

Booking.com

Стано ле, Стано Праовко,

He чула ли си разбрала,

Излегол Татар војвода

Наред ми реди селата.

Кај што го всело дочуле

Сете от село бегале

Големо село Праово. 38)

Оно седело, чекало

Голем е обед готвело:

До девет крави јалови,

Триесет брави угичи,

Петнајсет црни кокошки,

Педесет бели погачи

И шејсет танки мазници.

Три дни ми седе в селото

Три си го зари  најдоа:

Троица момци бегаа,

Три си му коне пукнаа,

Три си му ‘рта сбеснеа.

Татар му вели, говори:

Деј гиди, старци Праовци,

Дал ќе ми момци најдите,

Дал ќе ми коне плаќате,

Дал ‘рти ќе наместите

Ел ќе ми Стана дадите?

Праовци велат, говорат:

Деј гиди, Татар војвода,

Ниту ти момци надјаме,

Ниту ти коне плаќаме,

Ниту ти ‘рти бараме,

Ниту пак Стана даваме!

Стана ни крепи селото,

Стана ни врла вергија.

 

38) Според посочувањето на лицето кое ми ја кажувало песнава, с. Праово се наогало некаде во Костурско.

39) зар(а) – среќа (во игра), далечна светлина како од пожар.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Booking.com