Сирме Дамјановски од Старавина ги имаше четирите деца: Стојче, Митре како машка челад, а женски Чона и Кала
Стојче е роден 1872 година во Старавина, а Митре 1876 година како што кажуваше тој во трлото во “Марина Нива”. Стојче имаше завршено грчко училиште, беше писмен човек, а нарочно шеговит, на секое зборче му ставаше капаче. Кога нешто објаснуваше секогаш сакаше да ги насамари присутните. Како дете мало секогаш на средселото се бореше, своите врсници ги победуваше не само во своето село и во другите села. Кога порасна најдобар борач беше во Старо Мариово. Порасна Стојче, се ожени со убавата Велика ги имаше децата: Митре уште од мал замина за Грција заврши воено училиште и достигна до чин генерал и денес живее во Атина. Втората рожба Стојко остана на имотот, но кога децата отидоа во Америка и него на старост го зедоа во Америка и таму умира. Сестрата Марија која беше најлична девојка во Мариово се омажи за Ѓакот и уште млада, немала век, умира, а четвртото дете тоа беше бацко Панајот кој и денес живее во Битола.
Митре како втор брат на Стојчета, е неписмен, не се бори, но него природата го надарила со нешто друго-убаво пееше. Неговата фамилија не е голема, во почетокот му умирале децата, а покасно му умира домаќинката. Ја има само ќерката Неда за која се зема домазет од Градешница сиромавчето Марко.
Митре и Стојче не се занимаваат како другите во Старавина со земјоделие имаат по некоја овцичка, повеќето се занимаваат со трговија. Тргуваат во Битола, Прилеп, Солун, Воден, Саботско, Костур, Лерин и др. Се купува од Мариово поевтино-се продава во Грција нешто поскапо, некогаш добиваат, a пo некогаш и губат, таква е трговијата велеше стариот Митре.
Двајцата браќа беа постејани гости во анот на Трајко Ѓусме. Трајко уште немаше сметено во анчето тие пристигнале и забележуваат. Те успала домаќинката, многу касно си станал, а тој на тоа му Додава: абре јас од Вас неможа ни да смета, ни да затвора, вие сте како кучињата на касапницата, само тука се вртите. Често пати се кладеле и стално тие победувале. Настојувале некој (нарочно оние селани што поретко влегувале во анот) да ги насамарат, но често пати биле и во судир со власта, нарочно со џандарите, а поретко со граничарите кои постојано ги имало во Старавина.
Но знаеле да бидат и добри пријатели со власта, а нарочно кога требало да се префрли некоја стока преку граница за во Грција, додуше потфрлувале и по некоја жолтица, а и повеќе, на главниот. Но главниот тој ден патролата ќе ја пушти на друга страна не каде што ќе врват со стоката Кузевци. Си ги знаеле тие премините на “Лута” на “Добро Поле” и други места на границата. Дека биле шеговити луѓе ни зборува следното: Митре со мулињата се враќа во селото и го сретнува детото од Јован и го прашува. Еј, чи си ти бре, – како да не го познава се преправа Митре- Јас сум на Јована Е брзо дома да и кажиш на мајкати, дека таткоти е во невоља каде што ора во “Рич” му се пикнал смок во газот. Детето трча дома и го кажува тоа на мајкаси, а таа се присети и одма го запраша? Кој чедо ти го рече ова? Дедо Митре Кузе мамо. Атан да го најде него чедо те лаже тој.
– Кога се играло на сред селото Стојче со себе си носел шивачка игла и по некоја гајда ќе дупнел неусетно, а гајдарџиите ќе се дупнеле во дување се додека не се сетат во што е работата Ќе си речеше во себе си гајдарџијата а тој Стојче затоа преѓе се вртеше околу мене, ете што ти правел тој, да му ебам мајката
– Во Мариово имало многу млади вдовци штом ќе остане без домаќинка и тешко било да се жене по втор пат, немало жени, биле скаредни, a се трошеле нарочно при првото раѓање. Често пати ако некој од другите села дојде во Старавина да побара жена одма Кузевци ќе организираат некој млад ерген да го облечат во невестински алишта, да му се земе некој динар или пиачка на тој што бара жена и по мракот ќе му се пуште невестата, а таа ќе избега или нешто друго ќе се случело. Од една страна ќе му ја дадат, а од друга страна ќе се организира други ќе му ја земат.
– На Митре и Стојче му се пријадиле лубеници, а знаеле дека бостанот на Бибовци го чува малиот Трајче, па по овчарите порачале Трајче одма да си дојде всело го бараат џандарите, а тие си се упатиле кон бостанот си седнале на меѓата си сечат по ред, се јаде колку што сакаш, а Стојче предлага да се земи по некој и за дома да разбијат и децата, а ние каснавме.
– Убавата Јана отишла на Реката да ја завади градината си пуштила од браздата вода и почнала да го вади по ред пиперот, одеднаш снемало вода. Митре кога ја забележал дека оди на градината Јана ти тргнал преку рид и право на главата на водата и ја скинал водата на Јана и си седнал до капината да седи и да ја чека Јана Јана гледа да не дојде некоја друга жена да вади и да ја скине водата, нема жива душа сама е во “Клисура”. Гледа горе долу нема ништо и тргнала по бразда мора да се најде каде е скината и кога наближала кај главата на браздата Митре ја потфатил за нога Оган да те изгоре, кај ме најде каде ме запусти, од кога ме тражиш бре мандак. Да не не виде некој немој сега уште е рано.
– Како старци за време на организирањето на колективите се свикала конференција на цело село и сега се предлагало кој да биде претседател и Стојче (намајтап). За претседател ја предлагам таа и таа жена, а од другиот ќош од конференцијата се јавува Митре со зборовите: Mope арна е баа ќе работе.
– На “Ѓурѓовден” во Мариово по обичај овците се забачуваат и секој своите си ги молзи за да се замерат односно да се мери по колку млеко ќе имаат овците на секој домаќин. Тој ден Трајко беше отсутен и мораше на неговото место да седне неговата невеста Јана. До Јана седна и Митре Кузе. Во текот на мзењето една овца почнала да клоца и да прави проблеми. Митре во шега на Јане и вели: Невесто држи го добро меѓунози-секако Митре мислеше на ведрото во кое молзеше Јана млеко, ама присутните се изнасмееа, а Јана се зацрвени во лицето и му вели: Атан да те најде бре Митре каде ги најдуваш ти пусти твој зборчиња
– Стојан имал околу 20 овци и во една недела почнал да стрижи додуше и касно почнал, но тој не бил многу ракат и веќе почнало да се стемнува и на Велика и довикува Велико, дај припреми ламба или борината оти јас остригов пет за да можам на ламба на брзина да стригнам уште печеснаесет. Велика метејќи го дворот додава ти цел ден пет, а на ламба петнаесет, не те бива Стојче, не те бива туку викни утре некој човек да ти ја сврши работата.
– За време на српско во Старавина дошол нов шумар, сакал да се покаже и во почетокот ги фатил да берат дрва Петруш и Коста. Им ги зел секирите и ортомите и им рекол казни големи ќе одите Битола. Вечерта во анот се собрале старавинци како секогаш дошле и двајцата дрвари, но некако тие со наведнати глави, си порачале по една лута и ќутат. Стојче ги забележал. Мајката овие двајцата не беа вакви што му стана што ќутат има нешто со нив и му пријде: Што е со вас, што сте се скиснале така? Абре не не гибај му вели Петруш. Ја опрскаме денеска работата не фати шумарот и ни ги зе секирите и ортомите, ќе не казнува. Ајде турете по една, две да се напиеме па ќе ја свршиме работата, баму стопанката на шумарот ќе го суредиме. Ми се жалаат и други селани. Покасно дошол и шумарот. Кузевци му порачуваат пиачка, а тој неприма, сам си порачува, сам си пие.
Утрото Кузевци со Петруш и Коста со мулињата си тргнале по дрва. Шумарот ги забележал сабајлето касно тргнале тие напред овој по нив. Си пошле во “Орешец” му викнале на дапчињата сечи, влечи си прават товари за секое добитче посебно, секирите ечат во шумата, ете ти го шумарот дошол и седнал до нив, почнале разговори тој никако не попушта и тогаш некако го фатиле и со ортомите го врзале за една добра бука и си ги товариле добиците и си тргнале. Си дошле дома шумарот врзан во планината. Утрото му ојдоа пак и го прашуваат ќе не тужиш или ќе ни простиш. Шумарот му вика се ќе ви простам само да ме ослободите. Стојче му вели: Шумар од сега ќе работиш вака: Виде-невидов, чув, нечув, берат, неберат. Ние за тебе знаеме. Навистина оттогаш секој си берел дрвца слободно шумарот си се криел од нив, a тие од него, си станал мирен како овца, па затоа Мариовците штом ќе заколеа прасенце сите по килце две за шумарот, за сиренце да не зборуваме. Старавинци не гледале она што го имале и така си поминале убаво и шумарот и селаните.
-Пред Велигден попот воСтаравина крштавал вода во секоја куќа Митре си седнал сабајлето над куќата кај буништето и се топли на пролетното сонце. Го забележал дека попот кинисал за во нивната куќа и и вика на својата ќерка само со цел да направи смеа, а и попот да слушни. “Нешко, Нешко, побрзо ќерко врзи го попот, оти иде песот дома да крштава вода. Попот си се насмеал по мустаќ и ништо си влегува внатре, a пo него одма влегува и Митре. Митре му се обраќа на попот сега со зборовите: Седни солче на попчето (значи обратно) додека Нешка моја ги припреми работите донесе вода, свеќа, а парички јас ќе ти дам, ама мислам ти ми борчиш последниот пат ми зеде нешто повеќе немаше да вратиш. А требаше да ми вратиш, но ти си писмен си знаиш тие работи. Попот само се насмеа.
– Комшијата Трајко околу “Крстоден” се припремил за да го коли крмнакот. Кого ќе го викне ако не ги викне комшиите Кузевци. Митре бил колачот. Го заклал крмнакот и со некое гунче го покриле, сите присутни газдата-димаќинот ги покани дома да седнат малку и да се напиат по некоја топла ракија, додека не се припреми водата да зоврие за кубење. Крмнакот небил добро заклан станал и почнал да бега, арно ама Велика комшивката тоа го забележила и почнала да довикува: Луѓе, крмнакот Ви избега, ви вати наки нема да го фатите. Мите и другите мислеле дека таа се шегува и вели: “Ќе стане бамуја кога му го фукнав ножот до срцето отиде. Сепак домаќинката подизлегла и гледа нема ни крмнак ни ништо и таа тоа го потврдува и сите тргнале да го бараат, a газдата вели: Стопанка му што срце имаше овој крмнак.
– Митре во една прилика седел со другите соселани на чешмата кај Пиот и дошла ќерка му Неда од градината која носела прас во футата и му подала на татко си прас да поткасне зеленко и му вели витаминско. Утрото отишол по голема нужда и гледа почнало нешто да му се мафта Мајката што е ова цревата ли ми излегуваат или нешто друго е-продолжува во кажувањето Митре. Тргам, нешто големо, пак тргам, кога го измив да видам што е гледам мајката празот и и вика на Нешка Оној сношниот што ми го даде празот еве го излезе сабајле целиот непреработен немам заби Нешко.
Како старци често пати ќе поминеле покрај младите како што биле собрани и ќе му дофрлиле по некој збор-два ќе ги насмееле младите ќе му припремата некоја кратка смеа и заминувале. Стојче умира 1949 а Митре 1950 година во Старавина.
Автор на текстот: Трајко Стојовски, Битола
„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г
Booking.com