СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Даскалот Цветко

Цветко Цеков како сиромав човек, ама вреден во една прилика Кузевци го пазариле за терач на овци за Воден. За да земе некои дукат се согласил без размислување се погодиле за парите и ги тргнале овците, но тоа е долг пат овците треба со терање, со пасење и полека стигнале во Воден но на Цветко алиштата што ги имал од долгиот пат му се искинале, па одлучил да си купи некое алиште и така се дотерал-како даскал. Си се вратил со нови алишта дошол дома нешто им поткупил на децата и на домаќинката и вечерто тргнал за во анот да се види со селаните. Стојче кога го забележил и довикнал. Селани гледајте го Целе даскапот се дотерал како даскал.

За еден Митровден браќата Кузевци тргнале за Дуње, а го повикапе и Цветко, но под услов да се дотера не во мариовски но оние воденските и така направи Цветко, а си го порачале и гајдарџијата Дамјан. Co мулињата тргнале за Дуње. Стојче сега прави план како да добијат ракија без пари во анот како да се појде во најбогатата куќа нагости во селото. Седнале на некоја масичка во анот и му вика на присутните селани дека ви носиме за децата Даскап, тој ќе ви ги учи децата од Митровден до Ѓурѓовден. Селаните еден по еден почнале да идат до масата да му бакнуваат рака на Цветко, да се поздравуваат, му порачуваат пиачка, по една по друга по трета Почнале селаните да се договараат каде ќе го пуштат на гости Даскалот, каде на друго место, ако не кај попот и таму биле пречекани на богата трпеза. По завршувањето на славата Стојче ги повикал селаните во анот и му вика сега Цветко даскалот ќе дојде со нас во Старавина ќе се припреми да уреди некои работи дома и за една недела е кај вас и од понеделник почнува со работа. Селаните ги напиле пак во анот се поздравиле со даскалот и ајде ми со здравје побрзо да ни дојдиш. Стојче му дофрлува на цекот пополека позакривај ги тие рачишта ти личат на лопатки не личат на даскалски раци, во друга прилика да ги крииш и да ги поизмииш.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -