СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Сводници

Бајо од Рапеш млад останал без домаќинка во раѓањето му се погрешила. Поминала година две па решил да оди до Зовиќ кај Каровци белки ќе се најде некоја сиромашка да го јаде лебот да дојде во Рапеш си мислеше Бајо. Каровци го упатиле човекот да оди до Старавина и да се обрати до Кузевци тие се за тие работи. Бајо отседнал во анот и потпрашал кој се тие Кузевци, а го прашал Стојчета, ние сме бре синко што мака кај нас од каде си ти. Бајо им објаснал зошто е дојден, а Стојче му одговара дека ќе најдиме но многу пари бара. Вечерта му покажале некоја многу убава невеста и тој се согласил и да даде 18 наполеони. Стојче седи со Бајо, а Митре оди кај внукот Младен му раскажа и бара одма да се облече во женски алишта и ќе те мажиме ќе ги земиме парите и ќе се сврши работата. Речено сторено Невестата се припреми и во мракот Кузевци со Бајо и невестата тргнале за Рапешкиот пат. Кај “Дамовски кладенци” се дадоа парите се поздравија Кузевци и тргнаа а Кузевци останаа кај кладенците да го чекаат Младен. Кога дошле на “Провирачот Младен млад и јак го турнал зетот и тој паднал во окопите, а овој се вратил и избегал ги стигнал Кузевци и си тргнале право во анот на пиење. По извесно време дошол Бајо да си ги бара парите или невестата, Кузевци му одговориле дека таја се омажи одма тогаш во Бешиште и така Бајо од Рапеш останал и без пари и без невеста.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -