СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Мариовска работа

Браќата Кузевци Стојче и Митре тргнале за напазар Битола кога дошле до градот се договориле како да се фати некои динар или некоја пијачка и се договориле. Стојче да го главува за измеќар Митрета. Ги средиле маските, зафатиле место за спиење во анот на Стево и Стојче седнал на една маса во анот, а Митре тргнал по чаршијата. Почнал разговор пазарџиите кажуваат кои од каде е кои што сака да прави и да купува и Стојче објаснува дека го носи својот брат за да го глави измеќар кај некој и тогаш од еден ќош се јави едно старче од полето јас сум дојден за таа работа. Седнаа на една маса се порача една па и друга ракија и се даде капар од 3 жолтици. Дошол Митре му бацил рака на новиот газда си вечерале и легнале.

Утрото Кузевци стануваат во мугрите рано си ги одврзале маските од анот и се префрлиле кај Брдарот и почнале да се пазарат низ Битола. Кога станал Јован се измил зел да поруча се врти лево десно ги бара Кузевци од нив никаков траг, а тие Мариовци си отишле ми ги зедоа паричките и заминале, така Јован останал и без пари и без измеќар. На крајот на анџијата Стево му вели мариовска работа со нив да си немаш алаш вереш. Ми ги зедоа паричките.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -