СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Мариовци вошкари

Кузевци си испланирале да одат на пазар Битола но и да ја фатат славата во Суводол, побратим им е Најдовски Јован. Така и направиле кога дошле во дворот на газдата веќе гостите биле наседнати немало место игла да се фрли а не Кузевци да седнат, домаќинот ги дочекал се поздравил со нив и им рече приберете се долу седнете малку сега така е закаснавте нема место повеќе. Кузевци седнаа долу до жените и децата, али им е тесно местото, а за јадење и пиење овде секогаш е послабо. Си ги фатија капите и седнаа, а Митре почна да се чеша и му вели на Стојчета ја фатив што да ја правам. Што бре. Вошка вошка. Митре му одговара пуштија под масата. Жените што беа во близина тоа го забележале некој почнале да бегаат и станале да стојат простум настрана, а некој се повлекле нагоре и така Кузевци добиле место за добро седење. Жените почнале да зборуваат една со друга Мариовци вошкари полни се вошки ги фрлаат под софрата, а тие си се нагостиле и добро напиле.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -