СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Јадело пиело три ипол

Браќата Кузевци заминале за на пазар во Прилеп, во Прилеп каде ако не во анот на Пере Селчанецот сите Мариовци тука се збираат, тука се договараат. Пере имал табла на ѕидот ставено и на истата пишувал јадено пиено три ипол.

Седнале Стојче и Митре ја забележале таблата, Митре е неписмен не знае што пишува и Стојче му објаснува. Мајката што да правиме сега да јадиме многу или малку се чудат што да прават. Се договориле ќе јадиме колку можиме и ќе пиеме и ќе платиме како што пишува, ако треба и ќе се караме. Си пивнуваат по неколку чашки ракија, си порачуваат вечера, додуше гравот е посен но тие се пред се гладни и се договорија Митре ни повеќе ни помалки туку изел 8 порции грав, a Стојче тој истера 12 додуше и беше поголем. My свртеа на винце и едно време иде Пере му вика ајде Мариовци да платите. Стојче го прашува бре Пере не ми е јасно она што го напиша дали треба да платиме двајцата три ипол или за секој од нас бараш по три ипол. Абре Мариовци кршоборци како за двајцата бре по три ипол. Што ми направивте цело граше го изедовте, а да не зборувам за ракијата и виното. Кузевци му дофрлиле на Пере ти Пере кога ќе дојдиш во Мариово ние ќе ти испечиме прле младо и нема ништо да платиш наш ќе биде цел трошок.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -