СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Крштење во Градешница

Браќата Кузевци намирисале дека во недела ќе прави крштење Трајко Чавдарот, а како да не се оди на крштење има богато јадење и пиење, а и ќе зирнат никоја градешка невеста.

Кога стигнале пред куќата закуцале на вратата и барајќи да излезе газдата, арно ама газдата седи начело и не е едноставно да се излегува за ситници. Кога ги виде Чавдарица ја јаде јасникот и си рече во себе си: Кај ве најде врагот, атан да Be најде уште вие бете кусо, но пред нив мора да направе лице и му вели ајде повелете. Нејзе не и е за јадењето и пиењето е богаташка има за јадење и пиење колку што сакаш но се плаши да не направат нешто лошо. He сме за дома-вели Митре ние го бараме домаќинот да се видиме имал некое муле за продавање. Ајде, ајде влегувајте пустото и братучеди сме само гледајте со по мукает. Влегле внатре собата полна со народ. Место немало каде да се фрли игла, а камоли да се седне. Седнаа Кузевци удрија по некоја ракија и Митре како што си знае си ја рече песната Ти калеш Анѓо. Ги удушеви присутните си рекоја и втора и трета а од горе нункото побара од домаќинот Кузевци да се преместат до нункото за да ги веселат. Се направи место и си седнаа до нункото си запееа уште по неколку песнички и почна ручекот.

Заврши јадењето и пиењето си заминаа Кузевци за дома и заборавија да го прашаат домаќинот за муленце бидејќи и не му беше и цел таа.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -