СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Оџата и Кузевци

Во анот во Прилеп стигнале Кузевци на пазар, a од Канатларци стигнал Оцата кој сакал да побара измеќар. Вечерта Оџата си ја кажал маката зошто е дојден и Кузевци како да му земат некој грош, како да го измамат се договориле. Оџа, се јавува Стојче јас мојот брат го носам само за главување и ако е касмет ќе се погодиме. Седнале на една маса почнала пиачка, разговараат и се договараат. Оџата да фрли како капар 4 жолтици, но тргнувањето утре да биде покасно од Прилеп бидејќи треба да се направи арч за дома и така станало. Кај Лагово се разделија Митре тргна пеш по Оџата, а Стојче со мулињата тргнал за Мариово. Арно ама на Митре малку потаму како да му се одеше понадвор и ги турна гаќите до патот, оџата го забележа и си продолжи, тоа го искористи Митре и си тргна нагоре по едно долче за да го стигне својот брат и навистина така станало.

Стигнале во Чаниште тука е слава каде ќе се оди ако не кај попот Трпе тој му е најпознат во Чаниште. Пиеле јаделе и дошло време за легнување невестите легнале сите на една страна, на другата страна мажите, а Митре отишол да спие во племната, но во текот на ноќта се префрлил кај жените. Утрото попот станал прв и кога го забележува кај жените, а што бре ти тука која мајка те дотера тука, Митре без да размислува многу-одговара дојдоа арамии во племната ми ги зедоа сите пари и јас избегав од стравот не знам кај легнав важно легнав. Во тоа време Стојче кога ги припремал мулињата украл од попот малку сланина и некоја срча со ракија. Продолжиле за Чабренските воденици, а гладни и решиле тука да се нагостат со сланината, а воденичарот им припремил од пченкино брашно пркаданик добро го натучиле со маста од свинското седнале и ракијата. Воденичарот на попот му раскажал се што му дигнале Кузевци. Попот за да му се одмази на Кузевци оди нагости во Старавина, но тие го испианиле многу и по лицето, а и по рацете му ставиле свинска мас и го кренале и ставилеиадвор во гумното да спие попот. По маста се собрале кучиња, мачиња, го лижеле и утрото кога станал попот очите не му се гледале целиот потекол и така срамен си заминал за Чаниште.

 

SUMMARY:

The native of Mariovo is wide-known person as an industrious man who wants to help the others, when one is in trouble. He is especially known with his hospitality. For example Peyo the wise. Stoyche and Mitre Kuzevi from the village of Staravina are known as great fun-makers. They used to be guests at Trayko Gusme’s hosterly and telling fun in the same time. They prepared special fun for the feasts which were performed in the middle of the village place.

Their fun is being continued by young generations.

 

Автор на текстот: Трајко Стојовски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -