СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Брав за вечера.

За Петковден Стојче и Митре Кузеви трганле за Будимерци влегле во една, те во друга, трета куќа и кога стигнале кај Бараковци со влегувањето гледаат во пондилата брав одран се исчистен и ставен на гредата, а тој ќе се јаде утре сабота е, а вечерва нема месо посен грав петок е си мисли Стојче. На влегувањето се договориле на брзина Свикале по домаќинот се отворила вратата, седнале здраво живо се распрашале за здравјето и продолжиле разговорите Стојче го дупнува Митрета да стани и Стануваат, арно ама кога дојде до вратата Стојче се поврати и на едно дете од присутните му се пуштил. Зашто ти летоска ми ја изеде нивата цела со козите. He зедов ни 5 снопа ти си тој што ме уништи, детето падна во небрано се замешаа сите присутни и домаќинот, а едно карање, дојдува до тепачка, а во тоа време братот под гуната го зел бравот во мракот и заминал кај внукот Илко. На крајот се смирија си подадоа рака му вели Стојче добро де не си ти беше значи друг јас се препознав на тебе и тргнува и тој и вика на вратата чекај ме Митре и така и тој заминува.

Кај внучето Илко половината брав се стави во котелот коските се извадоа настрана, а половината му го оставија на внукот за утре. Митре ги беше собрал коските и полека во мракот ги фрлил во дворот на Бараковци. Тука се собрале сите овчарски кучиња на брзина по коските и месото почнале да јадат и да се гртат кучината и да се касаат се створила голема гужва Мариово колку народ повеќе кучиња и домаќинот излегува да виде што се случува кога гледа нешто се јаде накрвавено се враќа дома мршата од бравот ја нема и и вика на домаќинката е така е кога не се затвара вратата кучињата ти ја извлекле мршата и го изедоа бравот, ајде сега друг да колиме за утре. Нема спиење.

Кузевци се најадиле месо и си пивнуваат винце и песнички кај својот внук а газдата на бравот ќе работи ќе коли ноќеска на борина друг брав.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -