СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Борачот Стојче во Маково.

Чебренскиот манастир се најдува на десната страна од Црна Река на патниот правец од Мариово за Битола. Овој манастир имал имот во Будимерци, кај “Трново” во село Крушевица, а кај Рапеш во Рапешките ливади. Народот ја обработувал земјата оделе по неколку денови кулук. Едно утро од Битола една група турски аги и бегови се упатиле кон Мариово да посетат некои села и се упатиле во Маково е со себе си носеле и пеливан кои го носеле за борење. Во Маково го порачале ручекот и анџијата го прашале сакаме да ни кажете кои е најдобар борач во Мариово да се бори со пеливанот што го носиме. Анџијата им рекол дека најдобриот борач е на имотот во рапешките ливади вчера имаше борење ги кутна сите излезе прв во сите. Најголемиот им наредил одма да се оди и да се донесе тој му зедоа име и презиме и тргнале заптиите.

Меѓувреме на имотот се работело но тука Стојче ги правел и првите смеи со присутните имено. Седнале аргатите да се одмараат a Стојче фатил еден глушец и го фрлил меѓу момите кои седнале да се одморат настанала гужва некој бегале други паѓале и во тој момент стигнале заптиите одма прашајќи кој е Стојче од Старавина, за да избега немало време, да прави нешто друго пак неможел и морал да се пријави самиот дека тоа сум јас и пре коњите тргнале за Маково без да му се нешто објаснува.

Дошле во анот во Маково и тука на тревата лежи пеливанот a другите Турци се мезат, му е кажано зошто е повикан и почнала борбата, но при поздравот Стојче кога се поздравувал осетил дека пеливанот е послаб од него и си помислил во себе си море ќе те јадам. Пеливанот се врти околу него се валка во песокот како магаре те лево, те десно и одеднаш Стојче кога го фатил го удрил на кок и паднал пеливанот неможел да се издуши му го прекинал дишењето. Пеливанот полежал, а пота станал се засрамил и се тргнал настрана Стојче сега се плаши да не се нешто случи да не добие ќотек, но главниот му честитал и му дал пола стодрам ракија да се напие и му рекол да си оди кај аргатите, а во друга прилика ќе донесат поголем борач од Мусинци.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -