СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Кузевци

Дедо Ристо од Старавина за својот син Илија ја избра за невеста убавата Марија. Се завршиле сите подготовки и Ристо со својот стројник оди кај сватот Петко да се договорат поконкретно за свадбата Се разговара, за таткото кожув, за братот чевли и така се редат работите. Во разговорот се вмеша и мајката на невестата и вели: свату нека ви се живи, ваши се Кузевци но ги неќам за свадбата оти тие ќе направат нешто, поарно да се настрана. Го рече тоа и како да и олесна нешто на душата и издиши од кога ова го мислеше но не и беше згодно да го рече, но ете дојде денот и тоа го рече. Ристо кога се врати дома на домаќинката и објасни се по ред се што се договорија и кажа дека Кузевци нема да бидат поканети оти ги неќе сваќата и нема да ги каниме. Добија сите калезмо се покани нункото, деверите, роднините и по ред сите но калезмо за Кузевци нема тие ја намирисаја работата дека нешто не е во ред ги неќела сваќата, зборувале жените на чешмата

Почнаа гајдите во дворот на невестата и во дворот на зетот по кратко време тргнаа сватовите кон дворот на невестата се собра цело село оро се виело во дворот, песни се пеат, а Кузевци се подотерале и излегле да погледаат сеир во дворот и се допреле до градешот на куќата од невестата.

Митре седи настрана и му вели на Стојчета влези ти до вратата белки нешто ќе можиш да сториш a јас кога ќе излегува коњот што ќе биде за невестата со ножот ќе му го сечам попракот, па нека невестата малку падне да виде сваќата кои сме и да не покане за провичето. Стојче подвлегол натре и кога гледа до вратата на другата одаја сите дарови, ја подал раката и ги грабнал челите и ги ставил под гуната и се тргнал настрана.

Кога коњот го донеле сватовите во дворот се доближил до коњот и си ја завршил работата а кога почнале да ја качуваат невестата без попрак одма самарот паднал и невестата се нашла долу и така мајката на невестата се присети чевлите и ова со коњот ми е подарок од Кузевци ајр да несторат во ништо змија лутица да ги изеде.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -