СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Витоливци вид  да се сторат

За време на војната и тоа првата војна населението од Старавина е интернирано по Тиквешијата и по северниот дел на Мариово. Кузевци не заминале за Тиквешко, останале во Витолиште. Тука фатиле пријатели меѓу кои и Ристо Крстев. Ристо на славата ги поканил и Кузевци, а тие се запромениле малце и отишле да му направат чес на домаќинот. Седнале почнале разговори, но дошло до кавги Кузевци биле од грчка страна и ги фалеле Грците, а гостите други од Витолиште биле од бугарска страна и ги фалеле Бугарите. Дошло до тешки обвинувања и Кузевци станале и си заминале и на излегување од пондилата си зеле по една тепсија со месо и си заминале. Седнале дома да си вечераат и едната тепсија решиле да се троши, a втората ќе се чува за домаќинот Ристо. Невестата на Ристо тоа го забележала, се збунила, им ја поделила храната на гостите, за сите немало и така завршило, а Ристо кога ги испратил гостите тропнал на портата кај Кузевци тие тогаш довечерувале, му отвориле и му викаат седни и касни како од свое ние зедовме, ама и втората тепсија ја чуваме сега ќе ја носевме кај тебе за да ти вечера фамилијата Ние тоа го сторивме не за тебе бре Ристо, тоа го сторивме за тие Витоливци вит да се сторат. Јас дојдов па си реков ако остана нешто да каснам знаев дека вие тоа го имате направено. Сепак домаќинот бил задоволен.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -