СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Атан да ги најде тие Кузевци

Дедот Петко направи свадба за својата ќерка и почнаа со својата баба да размислуваат и да се припремаат за ПРОВИЧЕТО. Во Мариово на свадбата за јадење и пиење толку не се гледало но се гледало за провичето, тука мора да има се и од пиле млеко. Се покануваат сватовчините најблиските на зетот, се канат и најблиските од кај невестата и по некој комшија. Во сите овие комбинации не влегоја ни во една комбинација КУЗЕВЦИ, ги неќеше мајката на невестата и ако им се нивни, свои дотука бива, ама луѓето прават бели, горештини и смеј во народот и затоа си вели бабата понастрана мајката на невестата Нема покана дојде денот провичарите дојдоа кај Петко си влегоја внатре а Кузевци не се поканети. Митре поруча сабајлето и се намана кај балето Стојче и тој излезе излегоа и се упатија кон провичето. Оро во дворо се игра и пее народот си гледа сеир, тие што не се поканети по некое чупе се фати да игра и така Кузевци посматраат, едно време гајдата стивна сите си влегоја внатре, а тоа е пред јадењето сега е адетот невестата да бакне рака и тие да се клонат пред свекорот и таткото како невестата и зетот, а тука се и даровите да се поделат. Во дворот штама сите внатре арно ама на дедо Петко фурната беше до племничето и така во кошето собрана многу не се гледаше и тогаш му дојде идеа на Стојче да се отвори набрзина вратата до фурната и да се фрли една до две тепсии во племничето и така сторија ги покрија со троа лушка тепсиите и си заминаа а кога ќе се стемне нека падне мрак или ќе влезиме внатре ќе јадиме си вели Митре или ќе ги пренесиме зад ридот. Кога се припремија сватовите за ужина даде знак сватот за јадење и тогаш домаќинката се упати кон фурната и колку се доближа до фурната ја јаде јасникот, дека нешто не е во ред фатена е плочата и нешто се има случено ги број тепсиите две фалат и си вели, а атан да ги најде, оган силен да ги изгоре, крастата да ги јаде, тешки да ги поканевме овој резил немаше да ми го направат. Да не су жива како ќе се јава пред сватовите.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -