СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Митре кај побратимката

Митре Кузе си имаше во понекое село побратимка па и во своето село, арно ама тоа му беше оправдано, тој беше вдовец уште млад остана без домаќинка и неќеше да се преженува да ги меша децата си ја имаше Нешка и кога утврдил дека побратимката е сама една вечер се доближил до куќата, тропнал на џамчето и таа подизлегла. Абре каде одиш бре Митре кај скиташ ноќе, како намириса дека су сама кои ти кажа, ајде влегувај побрзо да не те виде некој од комшиите кој ќе си слуша утре да јадат. Митре како што си беше висок се поднаведна и си влезе внатре си седна и почна разговор, почна нешто да се напие, а уште се води општ разговор етего браче Косте иде и сега. Побратимката му вели на Митрета слегувај долу од дупката и ќе одиш во визбата ќе си ја отвориш вратата и бегај, оти овој брливиот ќе седе не верувам да бега одма, ништо не правиме вечерва, велејќи го тоа и го турка по збрдните скалички за во визбата-земникот. Митре се погледна горе долу и ја забележа бочвата и со го зеде чамчето и почна да се напива винце, се напи што се напи, го остави чепот по малку да тече, како за инат бидејќи ништо џабе дојде вечерва и на ковчегот забележа една вреќа со волна, си ја зеде волната, си ја отвори вратата на земникот и си замина надолу кон својата куќа и на ќерката и вика ова волната земија ми борчеше еден па немал пари да ми даде се прифативме со волна, ќе ти се најде за децата плети му чорапи на Митре, Аце или Јован.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -