СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Наша – ненаша – наша

Браќата Кикерезовци од Старавина решиле да ја продадат својата кобила која била веќе стара, ама да се купи некоја помлада и тргнале Битола на пазар. Co нив и Кузевци. По патот Кузевци му ја разбрале намерата на своите соселани и Стојче си помислил има тука некој динар со самсарот Агип ќе се договорам. Кога утрото излегле на пазарот етего самсарот Агип и му се доближил Стојче полека донего и му вели. Ајде на оние двајцата ќе му ја купиш кобилата, ќе ја подотерате и за еден саат ќе ја вратите за продавање, јас ќе навалам на нив ќе му ја дадиме пак нивната, али во пазарот гледај да има по нешто за двајцата да излезе од сето ова нешто да не биде бадијала. Се смешал во пазарот ѓупакот горе долу погодиле. Ја зел кобилата ја дотерале и ја секле опашката малку малку со боја ја помачкале околу вратот и ставиле нов огламник и ја водат за продавање и ставиле назад некоја љута пиперка и кобилата станала серта. Кузевци ги наговориле браќата ено за вас добра и млада кобила, ајде се зафатиле за цената и погодиле си ја зеле и си тргнале за Мариово. Тераат по патот кобилата си оди право, кога дојдоа од Црна Река нагоре пустата право си оди по патчињата за всело. Помалиот брат на постариот му вели брате, ова кобилата ми личи како нашата и гледај како оди ова е нашата Овој пострариот беше потврдоглав му вели не е нашата ова е нова нашата беше стара си одат нагоре таа пустата право си оди на јаслите во домот од каде што е. Се караат се расправаат никако постариот брат да попушти и тогаш помалиот му вели утре ќе носиме жито на воденица и ако си оди самата да знаиш оти е нашата и навистина тргнала таа право на тирчовата воденица и си вели мајката навистина е нашата, а вечерто Кузевци ги прашуваат како е кобилата дали е кротка, а тие одговараат дека е кротка како и првата и уште нешто подобра Митре му вели: Нека ви е жива и здрава бириќатворси си купивме по некои шеј за децата

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -