СТАРАВИНСКИ ШЕГОБИЈЦИ – лаги, смешки, хумор од Мариово

 

 

Грне со лепешки

На “Митровден” целиот народ од Зовиќ беше на средселото. Орото почнало уште од раните утрински часови. Гајдарџиите ги надуле гајдите се помешале стари млади, гости и домашни. Се исполнило селото со ораџии и гајдарџии, Велика ги собра гостите со фамилијата ги поруча и сите тргнаа кон средселото, а таа остана сама дома и на брзина размислува за ручек за гостите, ама и таа е меракливка за пусто орце, а нарочно да се фати напред да поигра и затоа го зеде поголемото грне го наполни со поголеми трошки-месо и ги стави во огнештето тивко да се вари и си рече. Ако ми е варено месото другото е лесно додека се напиат гостите и омезат јас ќе го направам или со компирчиња или со оривќе не е тешко, а ќе направам си помисли и капама, ако ми дојдат балињата од Старавина.

Си ја кладе жапката на вратата и се подотера се понацрви на лицето и замина.

Меѓувреме се заманале кон Зовиќ Кузевци, но тие закаснале во тргнувањето оти џандарите Стојчета го викнале на клепање во станицата. Меѓувреме кај долот Митре го чека и стигнува Стојче и налутено, овие ѓупци ме викаат оти сум мочал накриво требало направо и продолжиле. Се мисли Митре. Мајката што му значи сега ова зошто не ми текнуа и го праша, ама не те разбрав јас зошто те викаат пците. Да не сме праеле некои работи во Зовиќ лоши затоа ме викаа.

Кузевци одат право во куќата на сестрата си викаат да појдиме прво дома, а послем ќе излезиме да погледаме троа сеир на орото. Арно ама жапката на вратата, но клуч нема, си влегле внатре гледаат лево десно и Митре го најде грнето полно со месо и си рече да го пробаме и во еден мисур ги извал половината меса и Стојче му довикува вади ги сите до едно и така направиле. Го изеле месото грнето го наполниле со лепешки и си заминале на средселото. Тука се поздравија со Велика со внуците со други роднини. Средселото почна да се празне луѓето почнале да се приберваат во куќите и Велика ги вика браќата и си заминале сите заедно се стави на масите ракијата, мезето се почна пиењето и песната, а Велика оде да го спотне оганчето и да го праве ручекот, кога ќе виде во грнчето што ќе виде полно со лепешки. Мириса на лоша pea и си рече, а тие балиња мој кога стигнаа ова да го направат и појде до вратата во одајата кај гостите и му вели: Тоа што си ставивте во грнето тоа ќе ви готвам за ручек, а Стојче одговара, не ние не сме гладни јадовме тие се за тој што не седи дома за домаќинката.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -