Откријте го Мариово

Мори стројник ќе те пратам, бабо мори,

мошне на далеку,

дури во Јанино,

у тој поп Јанета,

за попова ќерка,

за ѓакова сестра.

Мори ако ти ја дадат, бабо,

седи ем поседи,

ручок да му ручаш,

вино да с’ напијеш,

ем да му преспијеш.

Ами, ако не ја дадат, бабо мори,

брго да се вратиш,

абар да донесиш.

Mope бело руво носам, бабо мори,

црно ќе го менам;

ајде бела коња вјавам, бабо мори,

црна ќе ја сменам.

29. Кога се пее секој ред се повртува со: „Мори мошне на далеку, бабо мори. Заб. С. П.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu