Три години, (2)
три години, Стојне, посвршени. (2)
На четврта, (2)
на четврта, Стојне, се најдовме (2)
Се најдовме, (2)
се најдовме, Стојне, под селото. (2)
Под селото, (2)
под селото, Стојне, на чешмата.
Постојавме, (2)
постојавме, Стојне, малумногу. (2)
Малумногу (2)
од сабајле, Стојне, до вечера.
Пушти мене, (2)
пушти мене, Спиро, да си одам (2)
Ќе ме кара, (2)
ќе ме кара, Спиро, мојта мајка. (2)
На мајка ти, (2)
на мајка ти, Стојне, ока локум (2)
нека јаде, (2)
нека јаде, Стојне, нека молчи. (2)
Пушчи мене, (2)
пушчи мене, Спиро, да си јодам. (2)
Ќе ме кара, (2)
Ќе ме кара, Спиро, мојот татко.
На татка ти, (2)
на татка ти, Стојне, ока тутун (2)
нека пушит (2)
нека пушит, Стојне, нека ќути. (2)
Пушчи мене, (2)
пушчи мене, Спиро, да си јодам. (2)
Ќе ме карат, (2)
ќе ме карат мојте браќа.
На браќа ти, (2)
на браќа ти, Стојне, жолти чизми (2)
нека носат, (2)
нека носат, Стојне, нека молчат. (2)
23. Повторување на некои од стиховите не е одбележано затоа што не се појавува ни во оригиналот.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com