ТРИ ГОДИНИ ПОЉАК ОДИ– Лирска песна

Booking.com

Ах мори, три години, невесто мори,

пољак оди (2)

мори нишчо лошо, невестице мори,

не ти реку. (2)

Ајде дојде редот, невесто мори,

да ти реча: (2)

ајде да и кажиш, невестице мори,

на золвати, (2)

ајде на золвати, невесто мори,

помалата, (2)

ајде да ми чува, невесто мори,

две јаб’ки,

ајде ни од ветер, невесто мори,

повејани,

ајде ни од роса, коконо мори,

поросени,

ах, ни од с’нце, невесто мори,

огрејани.

 

22. Песната е забележана и во варијанта со коконо мори. Повторувањето на парните стихови до крај на песната не ги обележил Стале Попов.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com