ЦУЦУЛ МИ ПАСЕ ГОВЕДА – Лирска песна

Booking.com

Цуцул ми пасе говеда, леле, (2)

покрај река Ситница. (2)

Тука помина лисица, леле:

Добро јутро, Цуцуле.

Дал ти бог добро лесичко, мори,

шо има нема в селото?

Комар бег се женеше, леле,

за мушичка девојка;

бумбарот тепан чукаше, леле,

повеќе го кинеше;

мечката тесто валаше, леле,

повеќе го лапаше;

петелот борина чекнеше, леле,

повеќе ја прскаше;

жабата оген дуеше, леле,

повеќе го гаснеше;

в’кот печиво печеше, леле,

повеќе го г’таше.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com