Откријте го Мариово

(Маријовски муабет од преку рид)
„Море, дедо-Стојане, е-е-еј!” — „О-о-ој!”

„Море, шо има ново ув селото, бре, е-е-еј! шо нема?” — „Море, нема нишо: тоа попетаната шо беа туа-а~а!”
„Море, шо правеше ми, бре, е-е-еј?” — „Шо правеше попетаната, зар не знајеш? Кршќаваше: беше се окучила невестата-а-а!”
„Море, ми го крстите ли, бре, е-е-еј?” — „Море, го крстиме; неје једно, туку две мали с’ окучиле~е-е!”
„Ами, како ји крстите, бре, е-е-еј?” — „Море, једното — Стојане, другото — Стојанко! Може ли инако да биде, бре, е-е-еј!

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu