Откријте го Мариово

Ја излези, Ѓурѓо, ја излези сестро,

ја излези, Ѓурѓо, до надвора,

до надвора, Ѓурѓо, до надвора, сестро,

до надвора, Ѓурѓо, до под тремот.

Да и водиш, Гурѓо, да и видиш, сестро,

да и видиш, Ѓурѓо, кумитите.

Ред се редат, Гурѓо, ред се редат, сестро,

ред се редат, Ѓурѓо, девет реда.

Девет реда, Ѓурѓо, девет реда, сестро,

девет реда, Ѓурѓо, по сто души.

По сто души Гурѓо, по сто души, сестро,

по сто души, Ѓурѓо, девет стотини.

Напред оди, Ѓурѓо, напред оди, сестро,

напред оди, Ѓурѓо, Петре Ацев.

Ај по него, Ѓурѓо, ај по него, сестро,

 

42. Запишувачот Стале Попов тука запрел со запишувањето на песната. Во следните два стиха, кои се прецртани се спомнува Милан Ѓурлук и нај на крај Алабакот. Записот завршува со прашалник.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu