ЈА СТАНИ МАЈКО ДА ВИДИШ– Лирска песна

Booking.com

Ја стани, мајко мори, да видиш

што зулум трга мори, ќерка ти.

Ми дошле Турци, мале, сејмени,

ми го врзале, мори, стопанот,

за голи јасли, мале, долни крај,

со магарешки, мори, огламник

го дерат, мајко мори, од пети.

Машкото дете, мале, заклаја,

со арнаутски, мори, јатаган.

Каде го печат, мале, во фурна,

за гнасен ручок, мори, спремајат.

Мене ме, мајко мори, кутнаја

каде се редат, мори, на мене,

петина стани, шест легни.

Куќата в пламен, мајко, трепери.

ја стани, мајко, излези,

жива да влезам, мори, в земјата,

жива да влезам, мори, в земјата

од зулум да се, мале, куртулам.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com