Откријте го Мариово

Мило црвено јаб’ко

Та каде си ми играло

Играчкум дома си доиде,

В’мајкини скути паднало…

Мале ле, мила, мајко ле,

Играло сум си играло

Покрај на бела Дунава,

Чудно сум чудо видело:

Риба во море играше

Со ‘рбет вода цепеше,

Со крилјата ја плискаше,

Дури ме мене утопи.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu