НА 50-ГОДИШЕН ЧОВЕК ДОВОЛЕН ОД СЕ – лирска песна, Водичка

Крстато кралот седеше,

Крстата риба јадеше,

Крстато вино пиеше

И сам на себе велеше:

Сполај му, Боже, на Бога

Та ка ме вака зарадва –

Снаа ми обед да готви,

Ќерка ми слуга да служи,

Синови измет да прават,

Внучинја шенл’к 26) да прават.

 

26) шенлк (шенлак) -веселба, радост, веселост.

 

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *