Откријте го Мариово
КЛИМA

Градешкото подрачје, како и целата Мариовска котлина, има карактеристични климатски услови, поради специфичното опкружување на планинските масиви,

 кои условуваат посебна планинска клима. Поради опкруженоста со планини, во Мариовската котлина многу малку се чувствува медитеранска клима. Таа се чувствува единствено во северно Мариово, каде преку Црна Река продира од Тиквешко Поле претежно до селата Мелница и Манастир, чија надморска височина изнесува 500-600 метри. Според пишаните податоци, средната годишна температура на ова подрачје изнесува 12,4 °С со максимални врнежи во месец мај од 68,1 мм, кое нешто е одлика на медитеранско поднебје.

 

Просторот на Мариово со надморска височина од 600 до 900 метри, во кое подрачје спаѓа и с. Градешница (695) преовладува планинска клима, особено на планинските страни – Ниџе (2362) и Козјак (1814).

 01_mala

Ниџе планина

 

Во јужно Мариово се чувствува и умерено континентална клима, која по Црна Река продира до Пелагонија преку Скочивирската клисура. Средната годишна температура во овој простор изнесува 11,3 С. Врнежите покрај Црна Река па до планините Ниџе, Кожува и Селечка Планина, растат и до 75 мм во месец мај. Зимската температура на ова подрачје во просек изнесува 2,6С, пролетната 11,3 С, летната 22.4С и есенската 12,2С.

Зимата почнува во ноември и трае до април, некогаш снег изненадно паѓа и во мај. Зимите се студени, а летата се прилично топли. Градешкото подрачје во просек годишни има 24 дена под магла, а во некои години овој број е значително поголем.

Според распределбата на атмосферскиот притисок, Градешкото подрачје е под влијание, каде дуваат ветрови од северозападниот и североисточниот квадрант, потоа југозападниот квадрант кој доаѓа од Пелагониската котлина. Максимална средно годишна брзина дување на ветровите изнесува 23,6 м/секунда, а при локални непогоди на Градешкото подрачје и до 27 м/сек.

 

02_mala

ДОБРО ПОЛЕ

 

 

Ваквиот распоред на ветровите во текот на годината влијае и на температурниот режим на ова подрачје.

Блискоста на Градешница до планинските погранични венци Ниџе, Добро Поле, Кравица и Козјак, како и течението на Градешка Река преку селото, допринесуваат климата летно време да биде свежа. Во приквечерината па се до следното утро по течението на Градешка Река дува свежо планинско ветре, кое допринесува климата да биде попријатна и посвежа.

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu