Откријте го Мариово

Речи, порачај,
Бела Бојано;
Сега сум овде,
Утре ќе одам;
Утре ќе одам
Туѓа туѓина;
Речи, порачај,
Што да ти пуштам
Ал’ пари сакаш?
Ал’ книга сакаш? –

 

Ни пари сакам,
Ни книга сакам;
И јаз си сакам
Овде што нема;
Овде што нема,
Тамо што има;

Тамо што има:
До три билбила,
До три билбила
Рано што пејат!

Првијо билбил
Рано што пеје,
Рано што пеје
За вечерање!

Вторијо билбил
Рано што пеје,
Рано што пеје,
За легнување!

Третијо билбил
Рано што пеје,
Рано што пеје
За станување!

Хај, вечерајте,
,Две луди, млади,
„Две луди, млади,
,Две неженети!’

Хај легнете си,
„Две луди, млади,
„Две луди, млади,
„Две неженети!”

„Хај, станете ми,
„Две луди, млади,
„Две луди, млади,
,„Две неженети!

Ах, да би знала
Тој што ми пеје,
Рано што пеје
За вечерање:
Јаз ќe го ранав
Co топен шеќер!

Ax, да би знала
Тој што ми пеје,
Рано што пеје
За легнување:
Јаз ќe го ранав
Co суво грозје!

Ах, да би знала
Тој што ми пеје,
Рано што пеје
За станување:
Јаз ќe то ранав
С отров и катран!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu